Thursday, January 15, 2015

5 најголеми лаги за фитнесот

Митовите за вежбањето многу лесно се шират. Некој ќе каже нешто, па вие на друг и така митот се шири и најголем дел веруваат дека тоа е навистина така. Но, еве 5 нешта во кои што не смеете да поверувате.
Експертите мислат дека во светот на фитнесот има многу лажни информации кои што не спречуваат да ја достигнеме посакуваната форма и дефиниција. Некои митови се безопасни, но нема никаков ефект од нив. Причината за настанувањето на лажните информации е тоа што секој вежба на различен начин.
Трчањето на лента е побезбедно од трчањето на асфалт
Со ова тврдење се објаснува дека лентата за трчање помалку ги оптеретува колената, но експертите уверуваат дека разлика во дејството на подлогите нема.
Трчањето е одлична вежба, но може неповолно да дејствува на колената односно од тежината на телото која што ги оптеретува колената може да дојде до притисок во нив, но сеедно е дали се трча на лента или на асфалт” – Објаснува клиничкиот инструктор Тод Шлифстајн.
Стомачните вежби помагаат да се ослободите од маснотиите на стомакот
Оваа вежба навистина ги зајакнува стомачните мускули, но нема да ви помогне да ги изгубите масните наслаги на нив, па мускулите нема ни да се гледаат.
За да се ослободите од маснотиите, потребно е да комбинирате кардио вежби со вежби за сила, но никако само за една опција.
Пливањето е идеално за слабеење
Пливањето ќе ви помогне во многу работи, но со него килограмите не се губат исклучиво ако пливате повеќе саати секој ден. Експертите тврдат дека отпорот на водата и нашите движења не се доволно експлозивни, па резултатите не се исти како што би биле надвор од базенот.
Јогата ве ослободува од сите болки во грбот
Доколку вашата болка е предизвикана од некакви проблеми со мускулите тогаш јогата секако ќе ви помогне. Но, ако болките се последица од некои други причини, јогата може да предизвика уште поголеми болки.
Ако не се испотите немате доволно или правилно извежбано
Потењето не е вистински показател за тоа колку сте извежбале, сметаат експертите, туку начин телото самостојно да се излади. Најдобар доказ за тоа е и фактот што и пешачењето е корисна вежба која лекарите често ја препорачуваат.

No comments:

Post a Comment